Европска комисија: Прославaта на Денот на победата во Москва е руска пропаганда

Прославата на Денот на победата во Москва е дел од руската пропаганда и обид да се оправда инвазијата на Украина и затоа земјите-членки на Европската Унија и земјите кандидати треба да се воздржат од присуство на настанот, соопшти денеска Европската комисија (ЕК).

„Празнувањето на 9-ти мај го гледаме како дел од руската пропаганда и обид да се оправда нејзината инвазија на Украина, и затоа веруваме дека треба да се воздржиме од давање легитимитет на кој било начин на оваа војна и да се воздржиме од присуство на таа прослава“, рече портпаролката Пола Пино на прес-конференција.

Таа додаде дека тоа не се однесува само на земјите кандидати, туку повеќе се однесува на земјите-членки на ЕУ кои се договориле за таков став уште во 2022 година.

Словачкиот премиер Роберт Фицо и српскиот претседател Александар Вучиќ најавија дека ќе учествуваат на прославата во Москва.

Портпаролот за проширување Гијом Мерсие рече дека Србија треба да ја потврди својата стратешка насока.

„Европската Унија беше кристално јасна со нашите партнери, вклучително и кандидати како Србија, дека односите со Русија не можат да бидат деловни како и обично“, рече Мерсие.

Пронајдете не на следниве мрежи: