Европскиот град кој дефинитивно би ја загубил својата “душа“ доколку нема толку многу мачки, а ниту тие не се без причина таму

Доколку мачките би имале своја престолнина тогаш тоа дефинитивно би бил градот во Турција, Истанбул. Мачките и нивната недопирливост не престануваат да доминираат на интернет, но постои град каде што дружењето со мачките е неминовно, сакале вие или не.
Најголемиот град во Турција, преполн е со сокаци во кои можете да одморите и да ја избегнете градската врева, но никогаш нема да бидете целосно сами. Погледнете малку подбро околу себе…
Нема шанси да не видите ниту една мачка или пак цел чопор. Дури и туристите кои најмалку посветуваат внимание на деталите брзо сфаќаат дека Истанбул е преполн со мачки.
Околу сто илјади мачки секојдневно во Истанбул коегзистираат со луѓето, тие влегуваат во нивните домови, продавници, животи, каде и да посакаат.


Склупчени како топки често можете да ги забележите и на столиците од локалните кафулиња, на автомобилите и во продавниците за сувенири. И верувале или не, тие таму на никој не му пречат.
Истамбулските мачки навистина уживаат во повлечениот статус на својот град: иако не се домашни миленичиња туку мачки од улица, тие сепак се многу сакани и негувани. Најдобриот доказ се и државните служби кои речиси во секоја нивна просторија имаат по некоја мачка за која се грижат. Локалните жители дури им подготвуваат и посебна храна од турската кујна, па често може да се забележат жени како им носат пилешко месо, ќебапи, полномасно сирење, салама, туна или пак храна за мачки пред станбените згради и паркови.


Во текот на летните денови вообичаената глетка во Истанбул е пластични чинии пред улиците во кои се наоѓа вода, а не е необично ниту да ги видите станарите кои градат куќички за мачките да имаат сигурно засолниште во текот на зимата.
Дури и кога паѓа снег, луѓето ги примаат мачките во влезовите или ходниците од своите домови, а доколку се болни ги носат на ветеринар.
Целиот Истанбум е cat -friendly па затоа не е ни чудно што мачките се “вдомиле“ токму во овој град. „Без мачките Истанбул би изгубил голем дел од својата душа“ – изјавил претседателот за грижа на мачките „Кеди“ во истоимениот документарец.


Постојат неколку легенди за историската поврзаност на мачките со Турција.
Една од нив е дека мачките наводно го спасиле пророкот Мухамед од змии отровници по што тој ја погалил по грбот мачката за да ја изрази својата благодарност.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.