недела, 29 ноември 2026
Вонредно

Европскиот парламент ѝ изгласа доверба на Урсула фон дер Лајен

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Европскиот парламент ѝ изгласа  доверба на претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, откако пратениците отфрлија два предлога за недоверба поднесени од крајно десничарските и левичарските групи, објави Ројтерс.

На првото гласање, 378 од 720 пратеници изразија доверба во Фон дер Лајен и нејзиниот тим комесари, додека на второто, тој број се искачи на 383.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

Резултатите беа подобри отколку во јули, кога 360 пратеници гласаа против сличен предлог, иако се малку послаби од 401 глас за поддршка што Фон дер Лајен ги доби за нејзиниот реизбор во јули 2024 година, соопшти агенцијата.

Поврзани вести