Пратеничката група на Европскиот фронт во Собранието на Република Северна Македонија испрати формално писмо до четири клучни инструменти на Советот на Европа, преку кое бара итна проценка и експертиза за селективната правда по трагедијата во дискотеката во Кочани, каде што животот го загубија 59 млади луѓе.Писмото е директно упатено до:г. Мајкл О’Флаерти, комесар за човекови права;г-ѓа Клер Бази, претседател на Венецијанската комисија;г-ѓа Ливија Стоица Бехт, извршен секретар на ГРЕКО (Група на држави против корупција);г-дин Теодорос Русопулос, претседател на Парламентарното собрание на Советот на Европа.Пратениците во писмото изразуваат загриженост за политички мотивираните и скандалозни истраги кои се насочени само на поранешни функционери, а актуелните функционери кои беа институционални одговорности речиси цела година пред трагедијата се изоставени од каква било постапка.Во писмото се истакнува и директната и трансакциска вмешаност на премиерот во обвинителството и самата истрага, како и јавната парада и злоупотребата при апсењето на поранешен министер.РГ на Европскиот фронт го повикува Советот на Европа: • Испрати независна експертска мисија за проценка на независноста на истрагата; • Да се иницира дебата во Парламентарното собрание на Советот на Европа; • Да се побара мислење од Венецијанската комисија за влијанието врз обвинителството;• Ангажирање на ГРЕКО да го истражи политичкото влијание врз одлуките на обвинителството.Пратениците потенцираат дека правдата мора да биде еднаква за сите и да не зависи од политичката определба.Селективната правда го поткопува владеењето на правото и ја уништува довербата на граѓаните во институциите.
Пронајдете не на следниве мрежи: