Европскиот фронт и ВЛЕН ја бранат Илире Даути – Џафери: „Дама си, а си посилна од сите мажи овде“

Пратениците од Европскиот фронт ја бранат пратеничката Илире Даути, која денеска во Собранието се соочува со интерпелаицја поднесена од пратениците на Левица.

Во образложението на интерпелацијата поднесена од Левица, пратениците наведуваат дека Даути, како претседателка на собраниската комисија за социјална политика, демографија и млади, го прекршила Деловникот на Собранието со одбивањето да го стави на дневен ред Законот за бранители кој е поднесен од СДСМ.

Пратениците на Европскиот фронт и ВЛЕН истакнаа дека интерпелацијата е етнички мотивирана, а поранешниот спикер Талат Џафери ѝ даде поддршка на Даути нагласувајќи дека таа не го прекршила Деловникот.

Пратеничката Арбана Пашоли рече дека Илире Даути нема обврска да ги исполнува желбите на Левица.

Од ВМРО-ДПМНЕ најавија дека ќе гласаат ЗА интерпелацијата.

Пронајдете не на следниве мрежи: