Европските берзи неизедначени во тмурно макроекономско окружување

Европските берзански индекси балансираа во петокот помеѓу позитивна и негативна територија, при што губитниците ги предводеше комуналниот сектор, а добитниците производителот на луксузни производи PPR.
Атмосферата на берзите денеска не беше многу позитивна поради слабите макроекономски показатели од еврозоната.Лондонски FTSЕ порасна за 0,04 отсто, на 6.329 поени, франкфуртскиот DAX беше во минус од 0,16 отсто, на 7.618 поени, додека париски CAC беше во плус 0,14 отсто, на 3.674 поени, додекаНајголем губитник денеска беше комуналниот  сектор, кој во просек ослабна за 0,7 отсто, погоден со падот на цената на шпанската енергетска компанија Iberdrol, за 2,3 отсто поради шпекулациите дека банката Bankia би можела да го продаде својот удел во оваа компанија.Меѓу добитниците се издвои францускиот производителот на луксузни производи PPR, сопственик на брендот Gucci, зајакнувајќи за 6,7 отсто, откако извести за неочекувано добрите деловни резултати.Вниманието на берзите повторно го привлекоа знаците дека европските економски проблеми се уште не се решени, откако европскиот завод за статистика извести дека активностите  на економијата на еврозоната дополнително се намали во последниот квартал.Ричард Едвард, челник на компанијата HED Capital смета дека треба да се искористи секоја слабост за купување на акции на германски фирми, со оглед дека германската економија и покрај падот во четвртиот квартал покажа дека е отпорна на кризата.Акциите, пак, на шпанските, италијанските и француските компании би требало да се продаваат, смета Евардс.Инвеститорите будно ќе го следат состанокот на министрите за финансии на групата Г20 во Москва во чиј фокус ќе биде валутната политика.
МакфаксЕвропските берзански индекси балансираа во петокот помеѓ

Пронајдете не на следниве мрежи: