недела, 29 ноември 2026
Најново

Европските лидери во Копенхаген денес и утре ќе разговараат за безбедноста, миграцијата, Украина…

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Копенхаген денес и утре е центарот на европската дипломатија. На агендата на лидерите на ЕУ и нивните партнери се наоѓаат долгорочната поддршка за Украина, засилувањето на европската одбрана и справувањето со хибридните закани. Предлозите за „дрон ѕид“ и користење на замрзнатите руски средства само ја потврдуваат сериозноста на состојбата.

Европската унија сака да испрати сигнал дека поддршката за Киев е стабилна и предвидлива, независно од политичките промени во Вашингтон или внатрешните поделби во самата Унија.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

Во Копенхаген веќе е мобилизирана дополнителна заштита: Франција и Шведска испратија специјализирани анти-дрон единици, а темата за безбедност е главниот столб на разговорите.

На самитот ќе се разгледуваат и пошироки прашања поврзани со хибридните закани – дезинформации, сајбер напади и миграциски притисоци. За многумина, симболиката е очигледна: токму во северна Европа, каде што се појавуваат првите инциденти со дронови, европските лидери сакаат да покажат единство и решителност.

Поврзани вести