Денес под мотото на кампањата “Намалувањето на брзината спасува животи“ и во Македонија ќе се одбележи Европскиот ден без жртви во сообраќајот.
На оваа кампања се приклучија бројни познати личности меѓу кои и познатиот актер, режисер, продуцент и тркач со автомобили, Патрик Демпси и олимпискиот шампион на 100 метри, Јохан Блејк.
Автомото сојузот на Македонија (АМСМ) како единствена членка на Светската автомобилистичка организација FIA од Македонија се приклучува кон иницијативата за ден без ниедна жртва во сообраќајот.
Како што е наведено во нивното соопштение за да се спасат секој ден 3.500 животи ширум светот треба да се придржуваме до 10-те златни правила.
– Да се почитува пропишаната брзина, да се проверуваат гумите, без СМС-пораки додека возите. Секогаш да бидете внимателни, фокусирани и концентрирани, да се носи мотоциклистичка кацига, возачите да го проверат видот, да користат детско седиште за автомобил, да се врзат со безбедносни појаси, никогаш да не пијат кога возат, да застанат кога се уморни.
За промоција на овие 10 златни правила задолжени се многу се многу познати спортисти и актери.