Европско книжевно признание за Лидија Димковска

На 6 ноември во Виена, по повод 10 години од востанувањето на Европската награда за литература, се одржа свеченост на која беа доделени наградите за најдобар расказ напишан од страна на досегашните добитници на наградата за литература на ЕУ.
Воведен збор одржа германскиот писател Даниел Келман, а наградите ги доделија министерот и комесарот за култура на ЕУ.
Од 106 добитници на наградата на конкурсот за расказ “Европски приказни“у чествуваа 36 автори, а наградите им беа доделени во четири категории:
– награда од гласачката публика на Интернет на Јелена Ленголд од Србија,
– наградата од страна на пратениците во Европскиот парламент си ја поделија Жан Бак и Гаст Гробер, и двајцата од Луксембург,
– наградата на професионалнотпо жири ја доби Јоана Парвулеску од Романија, а истото жири, составено од автори, издавачи и критичари од Португалија, Шпанија, Велика Британија, Белгија , Германија и Грција на Лидија Димковска и додели
– специјално признание за Европското културно наследство на кое му е посветена 2018 година. Димковска наградата ја доби за нејзиниот расказ „Кога заминав од Карл Либкнехт“.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.