Европско координативно тело на Македонците – СООПШТЕНИЕ ДО МАКЕДОНЦИТЕ ВО СВЕТОТ

СООПШТЕНИЕ ДО МАКЕДОНЦИТЕ ВО СВЕТОТ
Почитувани браќа, сестри Македонци од македонската дијаспора , во тек се организирани протести и блокади против уставните измени со кои Македонците дома и во светот потполно незаконски и антиуставно се обесправуваат и се преименува и руши државата. Ние неможеме да бидеме имуни на тоа што се случува во татковината ниту па што ни се одзема име, идентитет, јазик, историја, традиција итн.. Затоа ВЕ ПОВИКУВАМЕ МАСОВНО ДА СЕ ПРИКЛУЧИТЕ КОН ПРОТЕСТИТЕ И БЛОКАДИТЕ ВО КОИ ДИРЕКТНО УЧЕСТВУВАМЕ И КОМПЛЕТНАТА МАКЕДОНСКА ДИЈАСПОРА.
Тие што сме од европските држави сме организирани во протестите и блокадите преку Европското координативно тело на Македонците
СО ВРЕМЕТРАЕЊЕ ОД 22. ДЕКЕМВРИ 2018 ДО 15. ЈАНУАР 2019
Во периодот кој следи, секојдневно ќе бидеме активни со свој поставен шатор во кампот во Скопје пред собранието и на барикади и протести низ цела Македонија, дополнително ќе ве известуваме преку координаторите.
Да се обединиме Македонците дома и во светот околу единствениот семакедонски именител и истата цел, кои не потикнуваат во одбрана на универзалните елементарни права, МАКЕДОНИЈА – МАКЕДОНЦИ – МАКЕДОНСКИ за да бидеме достојни потомци на своите предци и достојни предци на своите потомци!
КОГА НЕПРАВДАТА СТАНУВА ЗАКОН – ОТПОРОТ Е ОБВРСКА НА СЕКОЈ МАКЕДОНЕЦ ДОМА И ВО СВЕТОТ.
Европско координативно тело на Македонците

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.