Бројот на новорегистрирани автомобили со дизел мотори во земјите на ЕУ е намален од април до јуни за 16,4 отсто, на 1,3 милиони возила, покажуваат статистичките податоци.
Пазарниот удел на дизел моторите е намален за пет проценти во однос на истиот период лани, соопшти Европската асоцијација на производители на автомобили.
Во Германија е забележан помал раст на побарувачка на дизел возила за 3,5 отсто.
Речиси две третини од новите продадени возила во ЕУ во вториот квартал се бензински модели.
Во Европската унија во овој период регистрирани се 2,4 милиони нови возила кои трошат бензин. Најголемо зголемување на годишно ниво е забележано во Италија, за 27,4 отсто.
Европската асоцијација на производители на автомобили наведува дека во Шпанија, Италија, Франција и Британија е забележан раст за автомобили на алтернативен погон, меѓу кои спаѓаат возила на електрична енергија, природен гас и со хибриден погон.