Еврото се стабилизираше во однос на американскиот долар во четвртокот на меѓународните пазари на валтите откако спласна изненадувањето поради сигналот на Европската централна банка (ECB) дека би можел дополнително да ги намали клучните каматни стапки за да го поддржи економскиот раст во еврозоната.
Еврото во четвртокот зајакна за 0,1 отсто во однос на американскиот долар, па со него се тргуваше по 1,3036 долари. Во средата, пак, го затвори тргувањето во минус од 1,1 отсто, што беше негов најголем пад на дневно ниво во однос на доларот во последните десет месеци.
Во однос на јапонскиот јен, единствената европска валута, остана непроменета во однос на затворањето на тргувањето во средата, на 127,80 јени. Доларот, пак, во однос на јапонската валута ослаби за 0,1 отсто, паѓајќи на 98,03 јени.
Во средата еврото беше притиснато од написот во весникот The Wall Street Journal, во кој беше цитирана изјава на член на управниот совет на Европската централна банка, Јенс Вејдман, инаку директор на германската централна банка, дека централната европска монетарна институција би можела дополнително да ги намали клучните каматни стапки.
Изјавите на Вејдман „самите по себе не претставуваат никаква новина, ECB уште на состанокот на почетокот од април ја искажа наклонетоста за попуштање на монетарната политика и најави дека внимателно ќе ги следи сите информации”, вели за Reuters Мајкл Снејд од лондонскиот огранок на француската банка „BNP Paribas”.
„Сепак, факт е дека тоа го кажа член на управниот совет на ECB кои ја ужива репутацијата на најжестокиот поборник на борбата против инфлацијата, наведува на заклучокот дека ECB е многу блиску до намалувањето на каматните стапки”, додава Снејд.
Некои аналитичари предупредуваат дека пониските камати не значат нужно и послабо евро. За разлика од централните банки на Јапонија и на САД, ECB не печати пари за квантитативното ублажување на монетарната политика, што вообичаено ја ослабува дадената валута, потсетуваат експертите во анкетата на Reuters. Нагласуваат, исто така, дека пониските камати би можеле да ги подобрат шансите за раст во еврозоната.
Единствената европска валута и натаму останува ранлива на политичките ризици во еврозоната, имајќи и предвид изборот на претседател во Италија и продолжените неизвесности околу Кипар, и покрај тоа што германскиот парламент во четвртокот ја поддржа помошта за најмалата членка на Европската унија.
Еврото се стабилизираше во однос на американскиот долар во четвртокот на меѓународните пазари на валтите откако спласн