Евтин пијалак, евтини забави и “лесни жени“ – Прага, градот на “алкохолните тури“

Еуген Кука (55) секоја вечер на патот кон својот стан, во некогашниот мирен резиденцијален дел во центарот на Прага, поминува низ сотици пијани и гласни туристи од целиот свет.
Овој фото-репортер во репортажа за „The Guardian“ открива како е денес да се живее во центарот на Прага. Веќе 15 години во неговата улица која се наоѓа под станот во кој живее има метеж, а од година во година ситуацијата само се влошува. Неговата фрустрација и фрустрациите на неговото семејство моментално се на врвот.
Историскиот дистрикт, општина Прага 1 е под неконтролирана окупација на странските туристи како никогаш досега. Навечер по улиците се шетаат стотици пијани луѓе обиколувајќи ги баровите во таканаречените „алкохолни тури“.


Прага се соочува со проблемот на претерана посетеност од туристите. Чешката престолнина, која за посетители од Запад била “запечатена“ сè до падот на Берлинскиот ѕид во 1989-та година сега се соочува со поголем број на туристи.
Градот во 2000-та година го посетиле 2.62 милиони туристи, а минатата година бројката пораснала на 8 милиони. Сите нив Прага ги привлекува со фантастично сочуваната барокна и готска архитектура и евтино пиво. Таквиот тренд го трансформирал центарот на Прага, традиционалната резиденцијална зона која сè повеќе станува туристичка, а долгогодишните жители почнуваат да се иселуваат.
Прага вовела и нови функции во градската хиерархија – “ноќен градоначалник“, одделение на градски власти за управување со ноќниот живот по примерот на Амстердам за да се намали криминалот и другите штетни последици по локалните жители. Од оваа година на таа функција е Јан Штерн.
„Не смееме да се откажеме од јадрото на градот во историска смисла, во смисла што сето тоа претставува за Чесите. Не смееме да дозволиме центарот на Прага да стане црна зона и урнек за ноќен живот, криминал и најефтина варијанта на туризам залиени со хектолитри пиво“ – изјавил Штерн.
Властите предпредуваат дека состојбата е алармантна и дека Прага сега е окарактеризиран како град на евтин пијалак, евтини забави и лесни жени.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.