Десетици илјади луѓе избегаа од сирискиот град Хомс, бидејќи се чини дека овој град ќе падне во рацете на џихадистичката ХТС и бунтовниците. Долги колони возила се гледаат како се движат кон запад од земјата и кон југ.Бунтовниците, предводени од исламистичката група Хајат Тахрир ал-Шам (ХТС ), вчера упаднаа во градот Хама по жестоки борби, го зазедоа затворот и ги ослободија затворениците.
Further Syrian Opposition reinforcements heading towards city of Homs : pic.twitter.com/nUepPPPh3A— Nagi N. Najjar (@NagiNajjar) December 6, 2024
Плашејќи се дека Хомс ќе биде следниот град што ќе падне, владините сили се обидуваат да го обезбедат во последните часови, при што воен монитор известува за воздушни напади насочени кон мостот на автопатот што го поврзува со Хама во Ал Растан.– Борбени авиони извршија неколку воздушни напади, гаѓајќи го мостот Ал Растан на автопатот Хомс-Хама. Тие ги нападнаа позициите околу мостот, обидувајќи се да го отсечат патот меѓу Хама и Хомс и да го обезбедат Хомс – соопшти Сириската опсерваторија за човекови права (SOHR).
BREAKING: Massive traffic in Homs city. Reports say thousands of people (mostly Alawites) and many regime supporters are evacuating their homes heading towards the Syrian coast. pic.twitter.com/TOl2q57rJS— Mazen Hassoun (@HassounMazen) December 5, 2024
Како што се додава, бунтовниците се на само пет километри од Хомс, откако ја презедоа контролата врз два стратешки града Растан и Талбисе, на патот што го поврзува со Хама.
As the Russians write: “Telbisa… NATO took without a fight… – traffic jams from Homs towards the Russian military base in the city of Tartus…” pic.twitter.com/in2jO0mLNS— F76 (@f76pacificator) December 6, 2024
Додека бунтовниците напредуваат кон Хомс, на социјалните мрежи кружат видеа на кои се гледаат колони автомобили. Луѓето очајнички се обидуваат да го напуштат градот Хомс, пишува Daily Mail.Претежно луѓе кои бегаат со своите семејства, оние кои му беа лојални на претседателот Асад, како и несунитското население во градот, поточно христијаните од различно потекло – православни, католици, алавити, курди, муслиманите шиити…