Египетските парламентарни избори ќе почнат на 27-ми април и ќе се одвиваат во 4 етапи

Египетскиот претседател Мохамед Морси издал указ за спроведување на општите избори за долниот дом на египетскиот парламент кои ќе започнат на 27-ми април, го цитира во петокот египетската телевизија соопштението на кабинетот на шефот на државата, откако неколку часа претходно, советникот на Морси за прашања од законодавството, Мухамед Фуад Гадалах објави дека изборите на Претставничкиот дом ќе започнат на 28-ми април.

 Според наведеното соопштение на администрацијата на египетскиот претседател Мохамед Морси, гласањето на парламентарните избори ќе се одржи во четири етапи. Во претседателскиот указ, исто така, се наведува дека првата седница на новиот состав надолниот дом на египетскиот парламент ќе се одржи на 6-ти јули.
Претходно во петокот, горниот дом на парламентот Консултативниот совет, ги одобри сите измени на новиот изборен законик, кои ги бараше Врховниот уставен суд, и го предаде за потпис на претседателот, што му отвори можност на Морси веднаш да го дореди датумот за одржување на изборите. Согласно донесениот кон крајот на ланскиот декември нов устав на Египет, почетокот на подготовката за организација и спроведување на изборите за Претставничкиот дом мораше да биде закажан најмногу за 60 дена по стапувањето на сила на највисокиот законски акт во земјата.
Гласањето ќе се одржи во четири фази по региони, поради малиот број членови на комисиите за надгледување на изборниот процес.
Се очекува Морси да го ратификува изборниот закон на 25-ти февруари. Долниот дом на египетскиот парламент беше распуштен минатата година, откако судот оцени дека претходниот изборен законик не бил праведен.
Претседателот Морси и неговите сојузници од Муслиманското братство, од кое самиот потекнува и другите исламски партии и движења, се надеваат дека изборите ќе стават крај на бурната политичка транзиција на земјата која ја одбележаа ерупции на насилства кои ги наруши настојувањата да се заживее економијата која западна во длабока криза.
Овие избори во Египет ќе се одржат во атмосфера на крајна поделеност меѓу исламистичките партии, победници на сите избори досега по соборувањето на деценискиот режим на поранешниот претседател Хосни Мубарак на почетокот од 2011 година, и секуларната опозиција којашто не успева заеднички да се организира.
Макфакс
Египетскиот претседател Мохамед Морси издал указ за спроведување на општите избори за долниот дом на египетскиот парламент кои ќе започнат на 27-ми

Пронајдете не на следниве мрежи: