Египет ги ублажува мерките: Меѓународни летови од 1-ви јули!

Египет од 1-ви јули ќе дозволи меѓународни летови и доаѓање на туристи во одморалиштата кои се најмалку погодени од пандемијата, соопштила Владата на оваа земја.
Странските турсти ќе можат да го посетат југот на Синајскиот Полуостров, каде се наоѓаат познатите одморалишта, „Ssarm el Sseik“ и „Dahab“, на брегот на Црвеното море познато по Хургада и Мерси Алам, како и Мерса Матрух, на медитеријанскиот брег, пренесува „Ројтерс“.
Египет исто така најавува ублажување на уште неколку мери во наредните две недели, како што е скратување на полицискиот час кој е на сила за време на ноќта, за еден час, додека продавниците ќе може да работат еден час повеќе.


Од 1-ви јули може да биде дозволено и отворање на џамиите во оние области кои имаат мал број на заразени, а се разгледува и можноста за одржување на испитот на крајот на училишната година за учениците од последната година во средно училиште во текот на овој месец.
Јавните плажи и паркови ќе останат затворени до крајот на јуни. Во Египет од почетокот на епидемијата на коронавирус се заразени 38.284, додека како последица од заразата починала 1.342 заболени. Во последните две недели бројот на новозаболени од Ковид-19 во оваа земја со околу 100 милиони жители, надминува 1000.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.