Египет не дозволува прикажување на филмот за еврејската заедница

Египетските власти не дадоа дозвола за прикажување во кината на историскиот документарен филм за еврејската заедница во Египет, изјави во средата продуцентот Хаитам ал-Камиси.Египет и времето на децениското владеење на соборениот претседател Хосни Мубара ги ограничуваше филмските режисери бидејќи за своите проекти прво мораа да се обратат на Бирото за цензура, а спротивно од очекувањата дека по соборувањата на Мубарак во 2011 година ќе има повеќе творечка слобода, тоа не се случи, бидејќи новата исламистичка влада се држи до истиот принцип.Како што му било кажано на продуцентот Хаитам ал-Камиси во Биото за цензура, Службата за државна безбедност е таа којашто го барала на увид филмот„ Евреите на Египет“ пред да биде дистрибуиран во кината. Ал-Камиси повторно бараше дозвола за филмот кој првпат е прикажан на филмски фестивал во Египет минатата 2012 година со официјална дозвола, но ја чека веќе цела седмица.Филмот ја опишува прадревната еврејска заедница во Египет во првата половина до XX век Повеќето Евреи го напиши Египет поради нападите врз нивната заедница, особено по војната во 1956 година, кога Израел со Велика Британија и Франција изведе инвазија врз Египет.
МакфаксЕгипетските власти не дадоа дозвола за прикажување во кината на историскиот документарен филм за еврејската заед

Пронајдете не на следниве мрежи: