Пукањето се случило вчера пред зори во близина на познатиот ноќен клуб La Dune Club во општината Ла Гранд Мота, што годишно го посетуваат милиони туристи.
Извори за AFP изјавиле дека целта бил познат рапер, но SCH веќе се вратил во хотелот во моментот на пукањето.
Обвинителството во Монпеље најави дека подоцна ќе се огласи за овој случај, додека од полицијата наведуваат дека се уште со сигурност не утврдиле дека концертот на познатиот рапер и пукањето се поврзани. Сепак, изворите тврдат дека се верува дека цел на нападот бил раперот.