Еден загинат, двајца повредени во сообраќајка во Скопје

Осумнаесетгодишен скопјанец загина, а две лица се повредени во тешка сообраќајна незгода која се случила ноќеска 02:27 часот на улица „Јадранска магистрала“ во Скопје.
Ноќеска во 02:27 часот во Скопје на улица „Јадранска магистрала“ скопјанецот Д.К.(18) управувајќи патничко моторно возило Mercedes со скопски регистарски ознаки изгубил контрола над возилото и излетал од патот, е наведено во полицискиот билтен.
Момчето починало на местото на настанот, а двајцата сопатници од возилото се пренесени во Комплексот клиники „Мајка Тереза” во Скопје. На местото на настанот е извршен увид од страна на МВР.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.