Еден загинат, двајца потешко и 16 полесно повредени викендов во Скопје

Едно лице загинало во една од вкупно 27 сообраќајни незгоди што изминатиот викенд се случиле на подрачјето на СВР Скопје. Во сообраќајките две лица биле потешко, 16 полесно повредени, а во осум била причинета материјална штета.
Од СВР Скопје информираат дека викендов сообраќајната полиција санкционирала 72 возачи кои се движеле со брзина поголема од дозволената, а од сообраќај исклучила 50 возачи кои го управувале возилото под дејство на алкохол, 58 возачи пред да се стекнат со право на управување моторно возило и шест почетници, како и 52 нерегистрирани возила и едно технички неисправно возило.
Санкционирани биле и осум возачи кои поминале на крстосница на црвено светло, тројца возачи не дале првенство на минување на обележан пешачки премин, пет возачи за неправилно престигнување, 16 возачи за не користење заштитен шлем од страна на возачите на велосипед со мотор, мопед и мотоцикл, 11 возачи за не носење сигурносен појас, како и 19 возачи кои користеле мобилен телефон за време на управување на моторно возило.
Тројца пешаци поминале коловоз вон пешачки премин.
Затекнати биле 194 возила непрописно паркирани, а со помош на специјалното возило „пајак“, отстранети биле 152 возила.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.