Најмалку едно лице загинало во земјотресот што во средата наутро го зафати островот Тајван јавуваат локалите медиуми.Во силниот земјотрес кој според кинеската сеизмолошка служба бил со магнитуда од 6,5 степени по Рихтер, кој ја погодил областа Нантоу во 4,03 часот по македонско време, според првичните информации со повреди се здобиле уште 19 лица. Претходно западните медиуми јавија за 20 ранети.Епицентарот на земјотресот е регистриран на 21 километри југоисточно од градот Пули на длабочина од 20,7 километри, а тресењето на почвата се почувствувало и во тајванската престолнина Тајпеј, на стотина километри од областа Нантоу.Според противпожарната служба освен во Нантоу, повредените се и во соседните покраини Чангуи и Таичунгу . Земјотресот предизвикал и пожар кој бил брзо изгаснат. Прекината е и работата на подземната железница и на супер брзите возови во Тајпеј.Покраината Нантоу беше епицентар на силен земјотрес во септември 1999, со магнитуда од 7,6 степени по Рихтер во кој загинаа 2.400 луѓе . Тајван се наоѓа на составот на две тектонски плочи и се смета за една од сеизмички најактивните зони на планетата.
МакфаксНајмалку едно лице загинало во земјотресот што во средата наутро го зафати островот Тајван јавуваат локалите медиуми.