Едно лице загина, а неколку се повредени во сообраќајна несреќа што се случила на патот Кичево-Охрид, известува “24 Инфо“. Во страотната сообраќајка се судриле “Фолксваген Пасат“ и “Сузуки марути“ со Кичевски регистерски ознаки. Според првичниот увид, сообраќајката се случила во 14 часот, кај Кичевското село Дреноец, а пожарникари се обидуваат да го извадат возачот од “Сузукито“. Сообраќајот е во прекин, а полицијата прави напор да се оспособи една коловозна лента, изјави Стефан Димовски, портпарол на СВР Охрид.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.