Еден загинат и четворица повредени во тешка сообраќајка на патот Прилеп-Битола

Едно лице почина, а четворица се повредени при сообраќајна несреќа на патот Прилеп-Битола.
Како што информира МВР, вчера во 12:40 часот било пријавено дека на магистралниот пат Прилеп-Битола кај село Тополчани се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „Опел астра“ со беровски регистарски ознаки, управувано од 60-годишниот Ѓ.М. од Берово, и патничко моторно возило „Цитроен берлинго“ со битолски регистарски ознаки, управувано од 46-годишниот З.С. од Битола.
Во незгодата на местото на настанот починал З.С. Со тешки телесни повреди се здобил сопатник-малолетник од возилото „Опел астра’, а со телесни повреди се здобиле возачот и уште двајца сопатници од истото возило кои биле пренесени во Клиничката болница Битола за укажување на лекарска помош. Увид на местото на настанот извршиле Јавен обвинител и увидна екипа од Полициската станица Прилеп.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.