Еден загинат, пет лица повредени во сообраќајка на патот Охрид-Кичево

Едно лице го загуби животот, а пет се повредени од кои четири потешко во сообраќајна несреќа која се случила околу 01,25 часот по полноќ на магистралниот пат Охрид-Кичево меѓу товарно моторно возило „Мерцедес“ и патничко моторно возило „Фиат Пунто“.
На лице место починал Д.Р.(38) од Охрид, кој го управувал патничкото моторно возило со охридски регистарски таблички.
-Во автомобилот, сопатници биле и лицата Љ.С.(51), И.Р.(51), И.Ѓ.(56) и Ј.К.С.(35), сите од Охрид, кои се здобиле со тешки телесни повреди. Со телесни повреди, се здобил А.М.(31) од охридското село Лешани, кој го управувал товарното моторно возило со охридски регистарски ознаки, информираат од МВР.
Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР-Охрид, предводена од Јавен обвинител, по чија наредба телото на починатиот е дадено на обдукција. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.