Атентатот во Виена, според австрискиот министер за внатрешни работи Карл Нехамер, има исламистички мотив. Четири лица се убиени, исто како и еден напаѓач, кој потекнува од С. Македонија и имал двојно државјанство.
Тој имал 20 години и имал македонски корени, соопшти министерот за внатрешни работи Карл Нехамер.
Тој бил државјанин и на Македонија и на Австрија и имал криминално досие во врска со терористичка активност.
Нехамер рече дека човекот бил вооружен со автоматска пушка, пиштол и мачета. Тој носел и лажен појас со експлозиви.
Напаѓачот беше застрелан од полицијата пред црквата Сент Руперт. Тој носел автоматска пушка, пиштоли и муниција. На неговото тело бил пронајден и елек со експлозив. Подоцна полицијата на Твитер соопшти дека елекот со експлозив е лажен.
Австрискиот канцелар, Себастијан Курц, ги опиша нападите како „дефинитивно“ терористички напад, кој бил „многу професионално“ планиран.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.