Аферата рекет станува меѓународна тема, не само затоа што во барањата за нејзиниото темелно расчистување учествуваат САД и ЕУ кои се и ментори на создавањето на СЈО кое е директно прозвано и препознаено како учесник во рекетот на бизнисмени од страна на државни институции, политичари и поединци, туку и текот на парите излегува од Македонија и станува меѓународен криминал и, како таков, истрагата за рекетот е речиси невозможно да биде заташкана иако во јавноста масовно се создава впечаток дека македонската истрага не ја врши својата работа согласно законот и серизоноста на делото.
Порталот Вечер има ексклузивни сознанија од српските органи кои се занимаваат со организиран криминал, особено финансиски, дека рекетот на Боки 13 се исплаќал и во Србија, и дека во целата постапка е вклучен и советникот на премиерот Заев, Зоран Башановиќ од Белград. Бидејќи се работи за серизоен криминал во кој се вмешани и високи државни институции ние, како особен јавен интерес, ги објавуваме засега службено непотврдени сознанијата за овие дела, работа на обвинбителството е овое сознанија да ги има на увид и преземе активности за дополнителни детали и нивно крајно утврдување.
Не ние познато дали лицето кое е рекетирани и платило го пријавило рекетот и со тоа се ослободило од обвинение за давање поткуп. Според наши сознанија неодмана, во текот ан истрагата, едно друго лице за кое има сознанија дека дало поткуп одбило истото да го потврди и ќе биде предемт на прогон за дело давање поткуп, а веќе има истрага за него во случајот Империја.
Имено, и во домашната јавност веќе се пишуваше дека еден од рекетираните кои се под истрага на СЈО, е и поранешниот директор на Телеком Жарко Луковски. Според сознанијата на порталот Вечер и тој преговарал со Боки Тредичи да има повластен статус во истрагата и да нема последици од СЈО, и за тоа платил рекет од 400.000 евра. Парите се исплатени во Србија, во две исплати, 100.000 плус 300.000 евра. Во процесот учествувал и српскиот бизнисмен, советник на премиерот Заев, Зоран Башановиќ.
Според сознанијата на српските органи, Боки 13 дел од парите од рекетите усмерил во инвестиција во хотел во Макарска, во Хрватска, заедно со неговиот партнер и пријател Марко Грубнич. викан Модни мачак. Истиот извор наведува дека од собраните пари за рекет е купен стан-голем апартман на Халкидики за шефицата на СЈО Катица Јанева.
На фотографијата објавена на 8 јуни годинава се Боки 13 и Марко Грубнич од Загреб, викан Модни Мачак. Боки тие денови имал средба со Марко Грубнич во Загреб, а во Скопје се вратил на 10 јуни.
Српските органи ги имаат сите овие податоци, но и други. Имено, Зоран Башановиќ, советникот на Заев, веќе отпорано имал проблем со криминал и во Србија како и во странство, и е лице од интерес на српските органи на прогон. Најверојатно затоа е и следен и прислушкуван и низ неговите разговори и средби со многу лица од Македонија, меѓу кои се Боки 13 но, и некои од врвот на политиката, постојат сознанија за серија криминлани дела извршени надвор од Србија, во Македонија, за кои српската полиција и обвинителство немаат ингеренции иако имаат сознанија.
Досега, македонските истражни органи не покажале сериозен инетрес за добивање на овие податоци за потреби на истрагата за Рекет, но и за други дела иако и во разговорите кои ги објави италијанскиот портал, се спомнува Зоки, името на Зоран Башановиќ во контекст на делото рекет.