На локалниот пат с. Слупчане – Куманово патничко моторно возило “БМВ“ со кумановски регистерски таблички, управувано од Р.З. (21) од с. Липково – Кумановско удрило во двајца сопружници-пешаци Ф.Д. (34) и Б.Д. (39) од с. Слупчане.
Од здобиените повреди во незгодата на пат кон Општата болница Куманово, Б.Д. починал, а кај Ф.Д. од страна на лекар биле констатирани телесни повреди.
Увид на местото на настанот извршиле Јавен обвинител и увидна екипа од СВР Куманово, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот е предадено на обдукција.
Пронајдете не на следниве мрежи: