Еден починат, шестмина мигранти тешко повредени

Полицијата покрај магистралниот пат Удово-Демир Капија, во близина на Водисирска река, вчера утро го пронашла починат С.И.(27), мигрант од Бангладеш и уште 14 мигранти од Пакистан и Бангладеш, од кои шест биле со тешки повреди.
Од МВР соопштуваат дека мигрантите изјавиле дека биле истоварени од возачот на возилото со кое биле превезувани, кој им рекол дека мора да скокнат надолу затоа што на патот има полиција. Скокајќи од возилото, дел од нив биле повредени, а 27-годишниот мигрант починал.
Увид на местото извршила екипа од Полициската станица Валандово, и известен е јавен обвинител, по чија наредба телото на починатиот било предадено на обдукција. Повредените се пренесени во болниците во Гевгелија и Кавадарци. Од МВР велат дека се преземаат мерки за пронаоѓање на возачот и расчистување на случајот.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.