Еден тешко и осум лица лесно повредени во сообраќајки во Скопје

Еден возач на мопед се здобил со тешки телесни повреди, а осум лица со лесни телесни повреди во седум сообраќајни незгоди што се случиле изминатото деноноќие на подрачјето на Град Скопје.
Од сообраќај, според податоците на СВР Скопје, полицијата исклучила 19 возачи кои возеле побрзо од дозволеното, двајца возачи под дејство на алкохол, 17 возачи пред да се стекнат со правото на управување на моторно возило и две нерегистрирани возила.
Санкционирани се и 11 возачи за неносење на сигурносен појас и 12 возачи кои зборувале на мобилен телефон додека возеле.
Изминатото деноноќие се санкционирани и 16 пешаци кои не поминале на пешачки премин.
За непрописно паркирање се казнети 75 возачи, а со специјалното возило „пајак“ подигнати се 68 возила.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.