Еден ферман за Шенка Колозова – “Приказната за Змијата што си ги покажа нозете”

Разочарување, грозење, гадење и тага истовремено чувствував додека ја гледав “хероината” на Македонските нарoдни приказни кога зборуваше дека “можела да оди против секоја власт, но не и против својот народ“. Против народот кој шо сака да си го остави името исто? Против истиот тој што не е Северномакедонски туку Македонски? Шенка Станојкова (Колозова) е еден од луѓето што потсвесно влијаеле на моето воспитание преку Македонските народни приказни. Отсекогаш кога ги гледав приказните со неа и Ѓорѓи Колозов, чувствував дека Ѓорѓи е човекот со душа (оној мекиот, лепчето) додека дотичнава прагматикот што сето тоа го материјализира. И си велев во ред, тоа е моја параноја а и да не е, барем остануваат приказните од народот.
Да, приказните кои таа ги глуми, но никогаш не биле лично нејзини! Приказните што ги крадеше од народот и ги пресликуваше во играните ТВ приказни.
И да била За европска (СЕВЕРНА) Македонија не би ми било толку важно, колку што излезе да агитира, пропагира, за нешто што е негација на се она што го работела досега, а со ова, сега се дознава и кои и биле намерите од приказните… ПАРИ… Шенка, жената што беше олицетворение на МАКЕДОНСКИТЕ народни приказни сега станува Северно Алчна Шенка и игра во платени политички спотови против својот народ. Жената што се размина со својот народ
Душо, каде ќе ги носиш парите? В гроб? Или се донираше сама?
Денес се раскина една љубов со еден лажен народен пратеник и еден цел македонски *народ. Шенка, зарем до толку? Толку ли вреди човечкото достоинство? Толку евтино? Колку пари? Со здравје да ги трошиш.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.