Настаните во Македонија покажуваат дека во заднина шеф во Владата и државата е лидерот на ДУИ, Али Ахмети, а Зоран Заев е обичен потрчко без реална моќ да ја врши фунцијата премиер согласно Уставот и законите.
Функционерите на ДУИ на отворена сцена не фермаат Устав и закони и продолжуваат со опасни провокации, а Заев сето тоа само немо го посматра.
Терористи се вработуваат како советници во владата додека македонски уставобранители се фрлени во темните зандани во Шутка, координаторот на ДУИ спротивно на законот држи прес конференција во Собранието само на албански јазик, Али Ахмети отворено го бламира Заев дека лаже оти целиот закон за јазици е испратен во Венецијанската комисија, законите во државата важат само за Македонците а не и за Албанците,…а на сето ова целосен молк од Заев иако согласно законските овластувања како премиер мора да реагира.
Од друга страна, Заев продолжува со погубните антимакедонски политики најавувајќи најново дека прв ќе земе двојазичен пасош иако нема случај во современиот свет премиер на држава да има пасош и на јазикот на едно малцинство.
Македонскиот народ и поголем дел од граѓаните во новата легална власт на Единствена Македонија која доаѓа ја гледаат единствената надеж за заштита на националните интереси. Единствена Македонија кажува директно и јасно – ние сме во политиката да ги бркаме таквите како Заев неизбрани од македонскиот народ, Македонија е нашата татковина, Македонија е нашиот дом, затоа онака како што се бориме за нашите домови ќе се бориме и за Македонија.
Со почит,
Центар за комуникации на Единствена Македонија