Како што беше најавено денеска партијата Единствена Македонија утре ќе ги преброи тие што ќе излезат на гласање со цел да се спречи манипулација со бројките и полнење на кутиите. На посебни листови ќе се удираат рецки со цел да се знае дали се штимаат бројките и дали излезените ќе коренспондираат со бројката на извештајот на крајот од денот.
Нема да се снима никој. Имаат на список околу 1500 набљудувачи кои ќе го покријат скоро сите избирачки места во државава.