Единственото кафе кое треба да го пијат оние со висок холестерол: Може веднаш да го направите

Ова е најздравото кафе за вашиот организам. Доколку имате висок холестерол или пак се плашите дека ќе го добиете, сигурно барате начини да делувате превентивно и со помош на исхраната да го намалите.
Треба да знаете дека холестеролот може да го намалите штом станете од кревет. Важно е само да го изберете вистинското и правилно кафе.
Верувале или не, одредени видови кафе можат да влијаат врз зголемување на холестеролот поради две состојки кои ги содржат – кафестол и кавеол.
Затоа грчкото Фрапе е идеално кафе за оние со висок холестерол.
„Тоа е така затоа што грчкото фрапе има помалку кафестол од француското или турското кафе“ – истакнува д-р Роб Дам од Медицинскиот факултет на Харвард.
Генерално, фрапето содржи помалку кофеин од сите други видови кафе, одвај 7 милиграми, колку што се препорачува.


А еве го и рецептот како да се направи грчкото фрапе:
Сè што ви е потребно е нескафе, млеко, шеќер и мраз.
Подготовка:
Ставете 1/5 кафена лажичка шеќер, 1/5 кафена лажичка кафе, два прста вода и мешајте.
Ставете неколку коцки мраз во висока чаша, ставете го кафето во чашата, додадете уште малку вода и малку млеко (по избор).
Вашето грчко фрапе е подготвено. Уживајте!

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.