Координаторот на пратеничката група на Левица, пратеникот Борислав Крмов се огласи на Фејсбук по повод консензусот за неработа на Собранието во следните две недели.
Неговата објава ја пренесуваме во целост во продолжение:
– Околу наводниот консензус за (НЕ)работата на Собранието.
Јас бев единствениот координатор кој бараше редовно да работиме и да имаме пратенички прашања. Тоа едногласно беше одбиено од сите координатори вклучувајќи ја и опозицијата.
Јас укажав дека може да работиме и да се однесуваме достоинствено земајќи ја во предвид трагедијата која се случи. И повторно бев одбиен од сите координатори со образложение дека такво нешто е невозможно.
И бидејќи моето барање беше одбиено се донесе одлука да не се работи и оваа недела. – напиша Крмов.
