Албанскиот премиер Еди Рама изјави дека планира да се кандидира за четврти мандат, бидејќи има уште работа, иако во претходните мандати се направени големи работи, пренесуваат албанските медиуми.
-Планот е да се кандидирам за функцијата, но дотогаш има време. Верувам дека морам да се кандидирам, бидејќи има уште работа, изјави Рама за телевизијата А2.
„Албанија не беше ниту на мапата, а земјата беше споменувана во лош контекст. Ја надминавме бројката од 10 милиони туристи во земја во која туризмот беше идеја и сон, но не и реалност“, потенцира Рама.