Една голема земја ќе „исчезне“ од светската мапа во септември?!

Индија би можела да го започне процесот за промена на името веќе овој месец, објавија локалните медиуми.

Една голема земја ќе „исчезне“ од светската мапа во септември?!

Тие го тврдат тоа со фактот дека во вторникот претседателот Драупади Мурму ја потпиша официјалната покана за вечерата на самитот на Г20 како „претседател на Барат“, а не на Индија.

Поканата за самитот на Г20 што ќе се одржи во Њу Делхи на 9-10 септември се споделува на социјалните мрежи заедно со хаштагот #PresidentOfBharat. Таа беше упатена кај светските лидери за да ги информира на саботната вечера во конгресниот центар Бхарат Мандапам во Делхи.

– Зборот „Индија“ е погрдно име што ни го дадоа Британците, додека зборот „Бхарат“ е симбол на нашата култура – ​​изјави за агенцијата АНИ Харнат Синг Јадав од партијата Бхаратија Џаната.

Шпекулациите уследија откако India Today во вторникот објави дека резолуцијата за официјално преименување на Индија во Бхарат може да биде предложена од владата на специјална парламентарна седница закажана за овој месец. Но, дневниот ред за претстојната седница се уште не е објавен, па останува нејасно дали предлогот и формално ќе биде претставен.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.