Една жена заразила 15 патници во авион со корона: Седеше во бизнис класа, се заразиле и од економска класа

Долгите летови се поле за размножување на коронавирусот, е заклучокот на студијата, која покажа дека на летот од Лондон до Нахоја, еден патник заразил 15 лица во авионот.

Станува збор за летот VN54 од 1 до 2 март, а на летот имаше жена од бизнис-класа која кашлаше и имаше болки во грлото. 

Кога слета во Виетнам, доби висока температура, а потоа беше позитивена на вирусот корона.

 Научниците можеа да го испитаат овој случај и дојдоа до заклучок дека 12 патници од бизнис класа и двајца патници од економска класа, како и една стјуардеса, биле заразени со коронавирусот.

Во текот на летот, никој од новоинфицираните немаше симптоми.

 Врз основа на тоа истражување, пренесуваат австриските медиуми, научниците докажале дека движењето на аеросолите може да претставува проблем во авионите и дека авионите се плодна почва за масовно ширење на вирусот корона.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.