Лицето кое вечерва беше погодено од огнено оружје во пукањето во Куманово, им подлегна на повредите во Клиничкиот центар во Скопје. Веста ја потврдија и од болницата.
Расправијата меѓу две семејства во кумановско Диво Насеље ескалирала со пукотници во кои се повредени неколку лица од двете семејства. Најтешко ранетиот заради тежината на повредите беше донесен во Клиничкиот центар во Скопје, но не успеа да преживее.