Министерот за одбрана на Србија, Милош Вучевиќ, изјави дека ситуацијата во Косово „сѐ уште е многу напната“ и дека „едно чкорче е доволно за да се запали сè“.
Според Вучевиќ, „очигледно е дека се води многу перфидна војна за да им се стави до знаење на Србите дека не се добредојдени во Косово и Метохија и тивко да се спроведе уште еден егзодус“, изјави тој за денешното издание на „Курир“.
„Граѓаните треба да знаат дека Србија ќе остане доследна на политичкиот договор за да ги зачува мирот и стабилноста, но дека никогаш нема да дозволиме нова ‘Бура’ “, порача Вучевиќ.
Тој изјави дека Србија „ќе остане цврста и истрајна“ во барањето за враќање на дел од полицајците и војниците во Косово, во согласност со резолуцијата 1244 на Советот за безбедност на Обединетите нации