Една мачка била донесена во канцеларија за да ги улови глувците, но наместо тоа почнала да заработува

Скоро сите ги сакаме мачките, а тоа не се само поради нивното меко крзно. Тие се и одлични ловци кои може да ни помогнат да ги избегнеме домашните штетници и глодари. И токму поради нивната вештина за ловење започнала и оваа приказна, која завршила со создавање на добротворна организација. Ви се чини тешко да ги поврзете овие 2 факти? Прочитајте ја приказната до крај.
Оваа прекрасно маче било вдомено од сопственикот на маркетинг агенцијата „GuRuStu“, во Толса. Компанијата требала да се справи со проблемот со глувците, а мачката била одлично решение за негово решавање. Таа брзо се вклопила во тимот и обожувала да седи покрај прозорецот и да гледа што се случува на улицата.


Сето тоа изгледало нормално, обична мачка која ги гледа луѓето што поминуваат. Но, одеднаш, вработените почнале да наоѓаат пари на подот близу вратата. Тие не сфаќале од каде се појавиле тие пари. Ситуацијата се повторувала одново и одново, и тие биле во недоумица како е тоа можно.
Една мачка била донесена во канцеларија за да ги улови глувците, но наместо тоа почнала да заработува


Сепак, подоцна пронашле можна причина. Компанијата се наоѓала во област која била полна со објекти за забава. И многу луѓе поминуваат покрај вратата на канцеларијата. Па, можеби луѓето оставале пари за да си поиграат со мачката?
Тие решиле да ја тестираат мачката и подметнале банкнота под вратата, а таа брзо ја зграпчила. Теоријата се покажала вистинита. И вака функционира:
Мачката со необичен талент станала навистина популарна и многу луѓе доаѓале да си поиграат со неа. Поради ова, мачката почнала да добива сè повеќе пари, па тимот решил да пронајде достојна причина и да ги искористи парите за донации. Тие решиле овие пари да ги донираат во добротворната организација наречена „Tulsa Day Center for the Homeless“, затоа што имало многу бездомници во околината, а и самата мачка некогаш била бездомна.
Овој симпатичен крадец стана познат како CASHnip Kitty. Таа продолжува да им помага на луѓето кои имаат потреба. Но, таа никогаш нема да биде обична мачка. Ова „меко пријателче“ има голема моќ да ги менува животите на луѓето на подобро.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.