Една навика која е поштетна дури и од 8-часовното седење во канцеларија

Веќе знаеме дека седењето е новото пушење, но знаевте ли дека постои уште една навика што е исто толку, а можеби и поштетна?
Имено, според едно ново истражување, гледањето телевизија е дури полошо од целодневното седење на стол, особено доколку станува збор за маратонско гледање серии и филмови.
Во истражувањето учествувале 3.562 возрасни личности кои ги споделиле нивните навики за гледање телевизија, седење и вежбање. Потоа испитаниците биле следени во текот на осум години. Притоа било следено нивното здравје и бил истражуван односот помеѓу навиките и здравјето на испитаниците.


Оние кои гледале телевизија подолго од 4 часа дневно, имале 50% поголем ризик од срцеви заболувања и прерана смрт, за разлика од оние кои гледале телевизија помалку од два часа на ден. Според ова, гледањето телевизија е поштетно од целодневното седење.
„Гледањето телевизија се случува на крајот од денот, кога повеќето луѓе имаат време за обилен оброк. Јадењето и седењето пред телевизор навечер може да биде навистина штетно“ , изјавила доктор Жанет Гарсија, главниот истражувач.
Проблем биле и грицките што луѓето неретко ги консумираат при гледање телевизија. Луѓето кои работат во канцеларија, сепак не мируваат осум часа без прекин. Тие одат на ручек, се движат низ канцеларијата, одат во тоалет…
Добрите вести се тоа што истражувачите не откриле поврзаност помеѓу зголемениот ризик од срцеви заболувања и гледањето телевизија кај луѓето кои вежбале најмалку 150 минути неделно. Ова значи дека слободно можете да уживате во маратонското гледање, но сè додека вежбате 30 минути дневно, 5 пати во неделата.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.