Една снимка им ги спаси животите: Голема ајкула тргна кон пливачите, погледнете како извлекоа жива глава

Морското куче било во лов на риби, недалеку од самата плажа, а станува збор за голема бела ајкула.
„Таа како катапултирана излета од дното и се насочи кон големата туна“ – изјавил Џејсон Игулден, кој сè снимил со дрон.

Штом ајкулата почнала да се приближува до пливачите, тој ги повикал спасувачите кои ги евакуирале капачите од водата. Сè поминало во најдобар ред и никој не бил повреден.
Игулден тврди дека благодарение на снимките со дрон, во последните неколку години спасил повеќе човечки животи.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.