Еднократна помош од 2500 денари ќе добијат 1735 пензионери од Центар

Заврши јавниот повик за доделување еднократна парична помош во висина од 2.500 денари за пензионери со старосна, семејна, инвалидска или социјална пензија не повисока од 23.758 денари, информира градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски. На повик за еднократна финансиска поддршка од Општината, која ќе биде исплатена до крајот на годината, аплицирале 1735 пензионери.

Во период на новогодишни празници кога целото семејство заеднички прославува, овие денови можат да бидат и дополнителен финансиски притисок за пензионерите. Затоа, наша задача е да им го олесниме секојдневието. Интересот за јавниот повик беше навистина голем, верувам дека овие средства ќе им помогнат за празничниот семеен буџет, вели Герасимовски.

Од Општина Центар најавуваат дека ќе продолжат да спроведуваат проекти кои ќе го подобруваат квалитетот на живот на граѓаните.

Пронајдете не на следниве мрежи: