Големиот внес на јаглехидрати допринесува до вишок килограми кои е тешко да ги елиминирате. Но, затоа постои брз и едноставен начин да дознаете дали тие се вистинските виновници за вашата прекумерна тежина.
Со цел да откриете како вашето тело реагира на јаглехидратите, едноставно земете еден крекер и џвакајте го 30 секунди.
Доколку за помалку од ова време тој ви стане сладок, вашето тело брзо ги процесира јаглехидратите. Доколку го џвакате повеќе од половина минута, а вкусот е ист како на почетокот, треба да го намалите внесот на јаглехидрати.
Канадската научничка и генетичарка Шерон Моалем која е креатор на тестот, тврди дека бавната или непостоечката промена на вкусот покажува дека вашето тело не ги процесира јаглехидратите ефикасно, а поради тоа се дебелеете.
Физиолошките механизми кои стојат зад резултатите на овој тест не се потполно објаснети, но се претпоставува дека станува збор за генетика.
Доколку вкусот се промени за 14 секунди, вашето тело брзо ги претвора јаглехидратите во енергија и дневно би требало да консумирате околу 250 грама јаглехидрати. Доколку ви се потребни од 15 до 30 секунди, тогаш вашата препорачана мерка за внес се 175 грама јаглехидрати, а за повеќе од половина минута, ограничете го внесот на 125 грама дневно.