Едноставен тест со кој ќе откриете дали кај вас постои ризик од прерана смрт

Добрата физичка форма не е само за спортистите. Од голема важност е секој од нас да биде во добра физичка форма бидејќи со тоа се намалува ризикот од болести на срцето, рак и други проблеми со здравјето.
Едноставен тест со кој ќе откриете дали кај вас постои ризик од прерана смрт
Според едно истражување од Шпанија, физичката форма имала главна улога во одржувањето на здравјето. Во истражувањето учествувале 12.615 луѓе на возраст од 18 до 91 години, за кои се сомневало дека се изложени на поголем ризик од болести на коронарните артерии. Испитаниците биле замолени да одат или да трчаат на лента за трчање со цел да се провери нивната реакција на стрес. Резултатите биле мерени во метаболички еквиваленти (МЕТ). За да добијат позитивен резултат, испитаниците требало да освојат 10 МЕТ поени, што е еднакво на искачување 3-4 ката без пауза.


„Четири ката скали е еднакво на околу 20 метра под агол од 30 до 35 степени. Доколку некој може да се каче по скалите за 45 до 55 секунди, тогаш има 10 МЕТ поени и тоа значи дека е во добра форма“, изјавил доктор Хесус Петеиро Васкез, еден од истражувачите.
Оние кои не успеале да го поминат тестот, по 5 години имале помал капацитет на физички способности и имале 3 пати поголеми шанси да умрат од кардиоваскуларни болест и два пати поголеми шанси да умрат од рак или некоја друга болест. Оние кои биле во добра форма за време на истражувањето биле заштитени.
Физичката активност и физичката форма имаат големо влијание на крвниот притисок и липидите, а со тоа на целиот кардиоваскуларен систем. Добрата физичка форма влијае и на намалување на воспаленијата. Ова е од голема важност бидејќи многу воспаленија се гледаат како причина за разни видови рак и болести на срцето.
Па, за да откриете дали и вие сте во добра физичка форма, пробајте го тестот со качување скали. Доколку не можете да ги искачите скалите или ви е потребно повеќе време, најдобро е да почнете со вежбање.
Погледнете кои се знаците кои покажуваат дека сте во добра физичка форма, дури и ако не вежбате.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.