Варено(греено) вино се пие на крајот на годината за време на новогодишните празници.
Овој вкусен пијалак е одлично решение кога сакате да испиете нешто топло и убаво. Најчестите состојки кои се користат се сок од лимон и парче портокал. Сепак, стручњаците велат дека треба да внимавате кога користите цитрусно овошје бидејќи нивната киселина и горчина може да го направат виното покисело.За да ја неутрализираат киселината на лошото вино, но и цутрусното овошје, многумина ставаат голема количина шеќер при готвењето и така се обидуваат да му го подобрат вкусот.
Наместо тоа, изберете слатко овошје како што се јаболка, круши или сливи и варете ги на ниска температура во виното подолго време. Не само што виното ќе биде повкусно, туку и ќе ви биде потребно помалку шеќер.
Може и воопшто да не ставате шеќер туку да го засладите виното со мед или јаворов сируп.