Едноставни техники за ослободување од нервозата и стресот

Живееме во време полно со стрес, во кое стресот доаѓа од сите страни – работа, семејства, врски, пријателства. Иако често се трудиме да се одмориме за време на викендот, сепак понекогаш имаме премногу обврски или пак не знаеме како да се ослободиме од стресот и нервозата.
Си велиме дека ќе помине, но не само што не поминува, туку стресот се наталожува повеќе и повеќе.
Ова се неколку техники како да ги наполниме батериите и да се ослободиме од стресот.
Не работете за викенди
Да, знаеме дека е тешко особено кога шефовите го очекуваат тоа од вас, но дури и да имате малку работа, завршете ја и не проверувајте меилови, и не работете повеќе одошто се очекува од вас. Не морате постојано да се докажувате, и вам ви е потребно време да дишете. Дајте си време за себе и издишете и вдишете, потребно ви е. Тоа е особено важно бидејќи доколку дозволите да се одморите за време на викенд, во текот на работната недела ќе бидете попродуктивни и порасположени.
Исклучете ги известувањата на телефонот додека се одморате

нерво
без оглед на тоа дали ќе спиете после работа или ќе одлучите да се прошетате во паркот или да гледате телевизија, не дозволувајте известувањата од телефонот да ви го нарушуваат мирот. Тоа е многу корисно за вашата зависност со технологијата, но и за ослободување од стресот и овозможување одличен одмор.
Внимавајте на исхраната
Колку и да ја сакаме храната, треба да знаеме дека таа има големо влијание на тоа како се чувствуваме. Потрудете се да се храните поздраво, особено денот да го почнувате на здрав начин. Мошне брзо ќе забележите како тоа влијае на вашето расположение. Не морате да се откажете од сите работи кои ги сакате, туку едноставно да бидете свесни за тоа како се храните и како таквите навики влијаат на тоа како се чувствувате.
Спијте колку што ви е потребно
Не го одложувајте сонот бидејќи тој ви е најважен за да бидете одморени во текот на денот. Немојте да мислите дека само неколку часа сон се доволни за да функционирате. Да, тие ќе бидат доволни 1-2 дена, но на долг рок ќе предизвикаат стрес и истоштеност, но и многу лошо расположение. Одете на спиење без одложување и будете се без одложување. Дајте си себеси 7-8 часа сон во текот на ноќта.
Поминувајте време со оние кои ги сакате
Бидете со луѓето кои ви значат, кои ве прават среќни и кои не предизвикуваат лошо расположение кај вас. Направете круг околу себе со луѓе кои се позитивни и кои ви помагаат да го победите стресот, наместо да го предизвикуваат, а избегнувајте ги оние кои прават да се чувствувате лошо.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.