Едноставно се спрема, а вкусот е уникатен! Импровизирано суши со краставица и туна кое ќе ве воодушеви!

Засукајте ги ракавите и лесно подгответе вкусно јадење кое ќе биде одличен избор за брз и лесен оброк.
Состојки:
1 краставица
туна на парчиња
Кисела павлака
малку зачин
малку лимон
2 чешниња лук
Подготовка:
Во еден сад потребно е прво да ги измешаме состојките кои подоцна ќе ги ставиме како фил во кришките краставица. Така, ставете ја туната од која е потребно да се исцеди маслото, а потоа на парчињата додадете павлака, а потоа сè убаво измешајте. Време е да додадете малку зачин, прстофат сок од лимон и ситно сечкан лук. Кога ќе го измешате, време е тенко да ја исечете краставицата по должина и да направите правоаголник од парчињата, како алгите со кои се прави суши. Потоа расукајте ја краставицата и исечете ја на прстените што ги сакате. Можете да го потопите во соја сос! Пријатно!

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.