Во експлозија која се случи околу 16 часот попладнево во продавницата на „Заре Комерц” во центарот на Гевгелија едно лице го загуби животот. Неофицијално експлозијата настанала од плинска боца, а повредени се уште три лица.
Противпожарната единица од Гевгелија и три екипирани возила на Брза помош веднаш по добиената информација интервенирале на терен. Според пожарникарите експлодирала плинска боца во продавницата, а од гевгелиската Општа болница информираа дека сите повредени веднаш биле префрлени на хируршкото одделение. Од таму потврдуваат дека еден има средно тешки изгореници од прв и втор степен, а двајца се полесно повредени. По санирање на повредите, од болницата велат дека пациентот со изгореници најверојатно со амбулантно возило ќе биде префрлено на лекување во Клиничкиот центар во Скопје.
Истрагата за причините за тоа како дошло до експлозија ќе бидат познати по завршувањето на увидот.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.