четврток, 12 ноември 2026
Најново

Едно лице го загуби животот во експлозија во Гевгелија, тројца повредени

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Во експлозија која се случи околу 16 часот попладнево во продавницата на „Заре Комерц” во центарот на Гевгелија едно лице го загуби животот. Неофицијално експлозијата настанала од плинска боца, а повредени се уште три лица.
Противпожарната единица од Гевгелија и три екипирани возила на Брза помош веднаш по добиената информација интервенирале на терен. Според пожарникарите експлодирала плинска боца во продавницата, а од гевгелиската Општа болница информираа дека сите повредени веднаш биле префрлени на хируршкото одделение. Од таму потврдуваат дека еден има средно тешки изгореници од прв и втор степен, а двајца се полесно повредени. По санирање на повредите, од болницата велат дека пациентот со изгореници најверојатно со амбулантно возило ќе биде префрлено на лекување во Клиничкиот центар во Скопје.
Истрагата за причините за тоа како дошло до експлозија ќе бидат познати по завршувањето на увидот.

 

Поврзани вести